Грчкиот регион Македонија, бил примамлива цел за приграбување и освојување поради неговите природни ресурси, а политичарите од соседните земји си поставиле за цел да ја претстават оваа област како земја на потекло со цел да ја приграбат, иако веќе 4.000 години по наследство е грчка, и во неа да ги бараат своите имагинарни древни претци – тврди панхеленската група „Македонска лига“ со седиште во САД.
Како граѓани на САД загрижени сме за стабилноста на Балкански полуостров и се спротивставуваме на вклучување на името „Македонија“ или „Македонец“ во финалното име на поранешната Југословенска Република Македонија” (ПЈРМ). Сегашните политички вредности во ПЈРМ не ги исполнуваат условите потребни за подобрување на функционалните добрососедски односи меѓу Грција и Грција, се вели во писмото на „Македонска лига“ – професионална меѓународна група која застапува прашања поврзани со националната безбедност на Грција и територијалниот интегритет – адресирано до Џонатан Р. Коен, заменик помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања на САД.
Главниот фокус на „Македонската лига“ бил спорот околу името, бидејќи, според оваа организација со седиште во САД, овој спор претставувал сериозно национално безбедносно прашање кое го загрозува територијалниот интегритет на Грција. „Македонската лига“, стои во CV-то на групата, била фокусирана на „борба против антихелнизмот во Поранешната Југословенска Република Македонија“.
Писмото доаѓа во време моменти кога официјална Атина најави можност за продолжување на преговорите за разликата околу името и „брзо“ решавање на проблемот откако двете страни најавија градење „мерки на доверба“ по смената на власта во Скопје.
Во низата обвинувања во писмото стои и дека „во последните два века, грчкиот регион на Македонија се соочил не само со демографски манипулации, историски фалсификати, немилосрдни дезинформации, туку и со киднапирање и индоктринирање на грчките деца од комунистите“. (Последното веројатно се однесува на протерувањето на над 25.000 деца во 1948 за време на Граѓанската војна во Грција)
И покрај тоа што најважно било спорот за името на ПЈРМ да биде решен најбрзо, таквиот договор мора да биде лишен од неправедни и погрешни термини… стои во писмото и се додава дека двете страни треба да имаат корист од тоа, „без да ја загрозат националната безбедност и територијалниот интегритет на Грција секогаш кога ПЈРМ ќе ги менува владите“.
Од суштинско значење било назначувањата, како што се националност, етничка припадност, наследство, култура, идентитет и било кој друг опис што сега е поврзан со името „Македонија“ и неговите деривати да го следат финалното име на ПЈРМ како што е пропишано со меѓународното право и норми.
„Се спротивставуваме на име ‘Македонија’ дури и ако доаѓа по географска ознака што на ФИРОМ ќе ѝ овозможи експлицитно или имплицитно право на дериватот ‘Македонец’. Таквите барања претставуваат индиректен пат да ја бараат земјата на нивните имагинарни древни предци“ се вели на крајот од писмото потпишано од извесниот Маркус Темплар, советник за национална безбедност на „Македонска лига“.