Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис со својата изјава дека Грците не треба Македонците да ги нарекуваат „Цигани“ туку треба да им помогнат, потсети на една стара навика на Македонците и Грците.
И едните и другите во приватни разговори се нарекуваат меѓусебно со погрдни имиња како „Цигани“ а во исто време соработуваат на многу полиња, бизнис, туризам, индустрија или трговија.
Всушност и Грците и Македонците иако припаѓаат на две различни нации а имаат иста вероисповест имаат многу сличности: во лесните квалификации на тие што не им се допаѓаат, во генерализацијата на сите припадници на некоја група, во нерационалните стравови од непознатото. И тие тука не се во ништо поразлични од многу други карактеристики кои што ги имаат речиси сите балкански и други европски народи.
Колку и Грците да не сакаат да бидат „мерени со ист кантар“ со нас, колку и Македонците да не сакаат да бидат ставани во ист кош со Грците реалноста е таа. И ние и тие јадеме мусака, носиме папучи и слушаме иста музика со различни зборови.
Слични сме и по „суратите“. Иако Македонците за Грците сметаат дека се поцрни од нас а Грците не нарекуваат „цигани“ сепак физиономијата е таа – јужноевропска.
На фотографиите кои ги идентификува и спореди expres.mk може да се види сличноста на неколку јавни личности во двете држави која може да се појави и со други европски или воневропски земји но во ситуацијава покажува дека не случајно сме соседи.
На насловната фотографија се премиерите Заев и Ципрас кои што делат општ заеднички образец за „црномањест“ човек иако цртите на лицето им се различни.
На втората фотографија е разрешениот директор на Агенцијата на промоција за туризам Александар Донев и неговиот „Брат Близнак“ портпаролот на грчката влада Димитрос Ѕанакопулос.
И на третата фотографија се двајца уметници од двете земји кои личат како „јајце на јајце“, грчкиот композитор Микис Теодоракис и Јордан Плевнеш македонски писател.