Грција е разочарана што македонската влада одговорила негативно на отворените барања за уривање или модифицирање на спомениците од проектот „Скопје 2014″ и за промена на името на меѓународниот аеродром во Скопје.
Откако грчката влада преку медиумите пренесе дека без уривање на спомениците на грчките херои Александар Велики и неговиот татко Филип Втори Македонски не може да се тргне напред во преговори за решавање на спорот за името, од Брисел дошло големо разочарување.
На завчерашната прес конференција во Брисел на барањето одговорил министерот за надворешни работи Никола Димитров кого го цитираат грчките медиуми.
„Сега е важно да се избегне било каков нов предтекст кој што ќе донесе нелагодност туку да се најде начин да се смират страстите“, одговорил Димитров на прашањето дали владата во Скопје планира да ги урне спомениците на Александар Велики и Филип Втори и да го смени името на скопскиот аеродром. Одговорот од Димитров за Атина значи дека Македонија не сака да создаде услови за реални преговори во кои ќе се бара вистински компромис.
Вчера и грчкиот весник Катимерини во коментар за спорот за името напиша дека Атина очекува брзо менување на името на скопскиот аеродром и уривање на спомениците.
„Не гледам зошто грчките граѓани би имале интерес да имаат пропадната земја“, одговорил Димитров на прашањето како да се реши проблемот со грчката јавност која се противи на употреба на терминот Македонија во името на северниот сосед.