Атинските власти нема да ѝ испорачаат на Украина системи за противвоздушна одбрана Патриот или ракети С-300, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, цитиран од „Киев индепендент“.
Деновиве грчките медиуми објавија дека Атина планира да испрати најмалку еден систем „Патриот“ во Украина по притисокот од Европската унија да ја зголеми помошта за противвоздушна одбрана за Киев.
„Грција ја поддржа Украина на различни начини, со одбранбени материјали. Сепак, ние од првиот момент изјавивме дека не можеме да ги изгубиме оружените системи кои се клучни за нашите способности за одвраќање“, изјави Мицотакис.
Според грчкиот премиер, испраќањето на опремата во Украина би претставувало преголем ризик за грчката воздушна безбедност.