Грција, ЕУ членка која заедно со уште 4 други не го признава Косово, ќе апстинира , односно нема да го поддржи барањето на Пртиштина за членство во Советот на Европа од политички причини.
Ова го соопшти грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во интервјуто за општинското радио од Пиреас „Канал 1“, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за надворешни работи на Грција во однос на процесот за членство на Косово во Советот на Европа објасни дена постојат три нивоа од кои првите две се необврзувачки, односно мислењето на надлежната комисија на Парламентарното собрание и гласањето на пратениците од ПС, кои излегоа со позитивен став.
„Но, овие две мислења се необврзувачки. Клучен орган, орган што носи одлуки за членство на Косово во Советот на Европа е Советот на министри што ќе одржи состанок на 16 мај и ќе одлучи суверено“ вели Герапетритис .
Независно од позициите што беа изразени, како на ниво на извештајот на Комисијата, така и на Парламентарното собрание во кое членуваат пратеници и не станува збор за влади на земјите-членки, позицијата на Грција останува цврста и непроменета.
Во вторникот, Парламентарното собрание на Советот на Европа, со 131 глас „за“ го усвои извештајот на известувачката на СЕ за Косово, Дора Бакојани за членство на Косово во организацијата, а конечната одлука за членство ќе биде донесена следниот месец по гласањето на министрите за надворешни работи на Советот.