Дури 11 промени, ќе бидат воведени во новата учебна година во Грција, што започнува на 11 септември.



Меѓу кои и забрана за користење на мобилните телефони за време на наставата, додека пак за прекршувањето на мерката, но и за снимање и фотографирање предвидени се казни, како што се бркање од часови, суспензија на неколку дена и слично, јави дописничката на МИА од Атина.

Новите променибеа презентирани на средбата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со раководството на Министерството за образование, религија и спорт.

Мицотакис се задржа на мерката за мобилните телефони, објасни дека учениците може да ги носат на училиште, но треба да ги чуваат во ранците, посочувајќи дека се негативни резултатите од научните студии за тоа како користењето мобилни на училиште влијае на процесот на учење.

„Мобилниот во ранец“ е слоганот со кој сакаме да се отворат училиштата оваа учебна година. Тоа е нов напор.

Сакам да нагласам дека многу европски земји се движат во оваа насока. Не бараме 100 отсто усогласеност од првиот момент, но сакаме да им објасниме на децата, на родителите и наставниците зошто е важно ученикот и ученичката на училиште да биде апсолутно посветени на образовниот процес“, истакна Мицотакис.

(…)

За непочитување на забраната, предвидено е ученикот да биде избркан од сите часови во текот на денот, во случај да ги снима или фотографира наставниците или соучениците, без нивна согласност, казната е тридневна суспензија, додека ако е со согласност ќе биде суспендиран од еден до три дена.