Грција ликува, Могерини контра Македонија

За разлика од македонските медиуми кои што во своите наслови за одговорот на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини до европарламентарецот и заменик- претседател на Европскиот парламент, Димитрис Пападимулис пишуваат за напредок во земјата, грчките медиуми со целосно спротивни информации.

Според голем број грчки медиуми, блогови и коментари кои масовно се споделуваат на на социјалните мрежи Македонија доживеала тежок дипломатски пораз во Брисел.

Наспроти македонските , кои пишуваат дека „Европската унија јасно ја покажува целосната и континуирана посветеност кон Македонија и регионот“- за Грција најважен е делот во кој се зборува за барањето на Могерини властите во Скопје „да избегнуваат провокативна реторика, внатрешно и надворешно“.

„Европските претставници во своите контакти со политичките лидери постојано предупредуваат дека секоја форма на провокативна реторика треба да биде избегнувана“, пишува Могерини во писмото до грчкиот претставник во ЕП.

За Грција ова е јасен знак дека ЕУ се согласува со грчките позиции според кои Македонија е таа која што провоцира и води иредентистичка политика.

За Пападимулис алармантната ситуација во Македонија е влошена од високо националистича и етничка реторика на албанскиот премиер Еди Рама и косовските политики кои што се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од сиромаштијата и корупцијата.

Пападимулис на 4-ти мај напишал писмо во кое навел дека Македонија е поткопана од континуирана политичка нестабилност, со политички и меѓуетнички раздор кој се влошува. Могерини му одговорила на 27-ми јули.