Грција и Македонија разговараат, Бугарија провоцира, Русија се заканува

Иако минатата недела бугарскиот премиер Бојко Борисов во Берлин кај германската канцеларка Меркел лобирал за европска помош за Македонија не сите во оваа земја се обидуваат да помогнат во сложената ситуација во регионот.

Властите во бугарскиот град Благоевград се соочуваат со дипломатски инцидент и остра реакција од Грција која што смета дека употребата на терминот Македонија е крадење на грчката култура и историја.

Причината за евентуалниот спор меѓу официјална Атина и градот Благоевград е изградба на паркот наречен „Македонија“ каде што покрај културни настани општината сака да организира и спортски и рекреатвни активности.

Во Благоевград  градоначалник е член на партијата ГЕРБ на премиерот Борисов кој најверојатно за ова прашање ќе мора да даде објаснување пред неговиот грчки колега Ципрас. За овој локален проект иннформираше и вториот канал на државната бугарска телевизија.

Според досегашната практика на грчките државни власти во односите со Република Македонија општинските власти во Благоевград ќе мораат да најдат име со географска одредница кое ќе се користи во сите меѓународни инстанци за да биде јасно дека не се работи за грчката провинција Македонија.

„Забавен Парк Западна Македонија“ или „Општински Парк Горна Македонија“ можат да бидат дел од имињата прифатливи за Грција, би бил циничниот коментар за решение на овој потенцијален спор.

За разлика од Бугарија која што и истроиски и припаѓа правото да го користи терминот Македонија поради географскиот регион Пиринска Македонија властите во Москва реагираа подиректно на последните обиди Македонија да го реши спорот за името и да влезе во НАТО. Се најава дека е можно менување на решението за признавање на уставното име на Република Македонија.

Читај тука за користењето на ФИРОМ од страна на Москва