Срамното навивање на фудбалскиот натпревар Македонија-Албанија во Струмица, кога дел од навивачите извикуваа пароли „Добар Албанец е мртов Албанец “, најде свој пропагандно-информативен простор и во дел од медиумите во соседна Грција.

Ова не се  добри знаци на мирен соживот на различните етнички групи кај Скопјаните,особено меѓу словенскиот и албанскиот фактор, пишува грчкиот весник „Елефтерос типос““, а написот заедно со провокативна илустрација беше шеруван и на социјалните мрежи


На фудбалскиот натпревар меѓу Албанија и Македонија, македонските навивачи го исвиркаа изведувањето на националната химна на Албанија, а, според албански медиуми, извикуваа слогани како “Добар Албанец, мртов Албанец”, пишва весникот.

Истото, се разбира, го правеа и фановите на албанската репрезентација.