Груевски на конференција за Западен Балкан

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска во Брисел остварил средба со естонскиот  европратеник Туне Келам кој е неформален известитувач  за Македонија во Европскиот парламент.

Груевски вчера и денеска претстојува во дводневна работна посета на Брисел, каде главен настан е конференција за Западен Балкан што во организација на Европската народна партија (ЕПП) се одржува во Европскиот парламент.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера оствари средби со првиот човек на ЕПП, Жозеф Дол, Елмар Брок, европратеник и поранешен претседавач на комитетот за надворешни работи на ЕП, претседателот на ЕПП во Европскиот парламент, Манфред Вебер и со европратеникот и потпретседател на Словенечката демократска партија, Милан Звер.