Како координатор на проектот за изградба на Коридорот 8 вицепремиерот Артан Груби, изјавил дека спречил интервенција на хрватска во која имало руски агенти, да ја саботира изградбата на коридорот што ја поврзува Македонија со Албанија и Косово, пренесува Клан Македонија.

Груби за Еуронеа Албанија откри дека на тендерот за консултант за изградба на Коридорот 8 се обидела да се вклучи и фирмата „ИГХ“ со седиште во Хрватска, но со борд во кој учествувале тројца руски агенти.

Повикувајќи се на германски извештај, Груби уште додал дека според негови сознанија, има многу новинари и медиуми во Македонија кои се платени од Русија,

„Во РСМ има над три политички партии, од кои едната е парламентарна. Има невладини организации. Во германскиот извештај се зборуваше и за новинари кои се платени од Русија. Највознемирувачка за нас е руската интервенција во спречувањето на изградбата на Коридорот 8, преку хрватска компанија, која имаше најмалку три руски агенти во бордот…“ обелоденил Груби.