Гренланд сака независност

Општи избори на 11 март, најави премиерот на Ггренланд, Муте Егеде, во полу-автономната данска територија по амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп покажува интерес за купување на арктичкиот остров.

Главните прашања во изборната кампања се очекува да бидат аспирациите на Гренланд за независност и односите со Данска и САД, како и кревката економија која зависи од риболовот и данските субвенции.

Трамп минатиот месец ја изрази својата желба да го „добие“ стратешки важниот остров, оставајќи ја отворена можноста за употреба на воена или економска сила за да се постигне тоа.

Гренланд, кој има огромни неискористени минерални ресурси, рече дека е отворен за деловни предлози, не сака да биде дел од Соединетите држави.

Како одговор на интересот на Трамп и стравувањата од странско мешање, парламентот во вторникот забрани странски и анонимни донации за политичките партии.

„Поминуваме низ многу сериозен период, каков што никогаш не сме доживеале. Ова не е време за внатрешни поделби“, рече премиерот Егеде во објавата на социјалните мрежи во која не се споменува Трамп.

Движењето кон целосна независност од поранешниот колонијален владетел Данска доби на интензитет во последниве години. Егеде, кој ќе наполни 38 години на денот на изборите, ја поддржува независноста, но не предложи план за постигнување на таа цел.

Иако сите пет парламентарни партии ја поддржуваат независноста, тие се различни за тоа како и кога треба да се постигне тоа.

Само опозициската партија Налерак, која во моментов има пет места во парламентот од вкупно 31, сака веднаш да ги прекине односите со Данска.

Мнозинството Гренландци би гласале за независност доколку сега се одржи таков референдум, според неодамнешната анкета спроведена од Verian и нарачана од медиумите.

Сепак, анкетата покажа и дека 45 отсто би се спротивставиле на независноста доколку тоа негативно влијае на животниот стандард, што сугерира дека патот до независноста останува неизвесен.