Владината мерка за замрзнување на цените на одредени производи, како позитивна за македонската економија ја гледаат 72,6 отсто од граѓаните, додека како негативна само 18,3% од нив, покажа истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 16 до 25 септември на 1.200 испитаници.
Поголемиот дел од граѓаните или 41,2 oтсто гледаат на задолжувањето со кредит од Унгарија за финансирање на инфраструктурни проекти во општините како позитивно случување, додека помал дел или 31,1% сметаат дека оваа владина одлука е негативна.
Линеарното покачување на пензиите позитивно го оценија 76,8 отсто од испитаниците додека за 16,6 отсто од испитаниците оваа мерка е негативна.