Град Скопје пред полноќ вети редовни автобуси од утрово

На неколку минути пред полноќ, од Град Скопје беше испратено соопштение во кое се известува дека од утрово автобусите на ЈСП ќе сообраќаат редовно и во полн капацитет.

Ова доаѓа по серијата на поплаки од граѓаните, кои во изминатиот период чекаа и по неколку часа автобуси на ЈСП Скопје.

Во текот на викендов, жители на Скопје се жалеа на нередовниот јавен превоз. Покрај автобусите на приватните превозници кои не возат поради нереализирани барања од Град Скопје, корисници на јавен превоз посочуваа дека ниту ЈСП не вози според возниот ред. „Скопје1“ побара одговори за овие случувања од директорот Драги Кушовски, поставен од Данела Арсовска, но не доби одговори.

Сепак, синоќа пред полноќ, беше испратено соопштение:

„Ве известуваме дека и покрај сите притисоци, од утре ЈСП ќе сообраќа редовно и во полн капацитет“, стои во краткото соопштение од Град Скопје.