Градоначалничката на Париз: Руските и белоруските спортисти не се добредојдени на ОИ, од Израел може зошто е демократска држава!

Градоначалничката на Париз го повтори нејзиниот предлог руските и белоруските спортисти да се држат настрана од Олимписките игри летово во француската престолнина, и покрај тоа што официјално им беше дозволено да се натпреваруваат како неутрални.

„Сакам да им кажам на руските и на белоруските спортисти дека не се добредојдени во Париз“, им рече Ане Идалго на украинските спортисти во тренинг-центарот во Киев во четвртокот, додека беше во посета на Украина.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) првично се заложи за целосна забрана на натпреварувачите од Русија и Белорусија по избувнувањето на украинскиот конфликт во февруари 2022 година. Сепак, минатиот декември МОК донесе одлука дека ограничен број луѓе од двете земји може да учествуваат како AIN (индивидуални неутрални спортисти).

Идалго изјави за Ројтерс претходно овој месец дека би сакала руските и белоруските натпреварувачи воопшто да не доаѓаат. „Не можеме да се однесуваме како [руската воена операција во Украина] да не постои“, изјави таа за Ројтерс.

На прашањето за учеството на Израел на Олимпијадата – во контекст на војната во Газа, која беснее по нападот на Хамас на 7 октомври – Идалго инсистираше на тоа дека не треба да се прави споредба.

Санкционирањето на израелските спортисти „не доаѓа предвид бидејќи Израел е демократска држава“, рече таа.

Русија остро ја критикуваше разликата на МОК во пристапот кон израелските и руските натпреварувачи. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини швајцарското тело за „политички активизам“ и го нарече неговиот пристап самодискредитирање.

Максималниот број на руски и белоруски спортисти кои можат да се квалификуваат за претстојните Игри се 55 и 28, соодветно. МОК забележа дека тимовите најверојатно нема да ја исполнат квотата, со 36 руски и 22 белоруски спортисти кои се очекува да стигнат до Игрите, според директорот на МОК, Џејмс Меклод.

Учесниците од двете нации можат да се натпреваруваат само во поединечни, но не и во екипни спортови, под неутрално знаме и им е забрането да учествуваат на церемонијата на отворање на Олимпијадата.

Коментирајќи ги ограничувањата со кои се соочуваат руските и белоруските натпреварувачи, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека потегот „ги уништува олимписките идеали и ги дискриминира интересите на олимпијците“. Ваквите ограничувања се „апсолутно спротивни на целата идеологија на олимпиското движење“, инсистира тој.