Градоначалничката Арсовска пријавила новинар во полиција!

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска го пријавила новинарот Кристијан Ландов во полициска станица поради загрозување на сигурноста, сподели Ландов во вчерашниот поткаст „ Претрес“, пренеце порталот Скопје Инфо.

„Новинар и ја загрозува сигурноста на Данела Арсовска. Од што се исплаши Данела Арсовска, од прашањата, од тоа и се крие….“, кажа Ландов.

Тој го објави видеото за кое тој вели дека е причина за пријавата во полиција, на кое се гледа како службеното возило на Арсовска, заедно со нејзинот шофер, се возат надвор од работното време за приватни цели.

„Арсовска пријавила дека сум ја следел од пред град Скопје по булеварот „Илинденска“.

Да не не смеам да се движам, таму каде што се движи Арсовска? Да не сум ѝ се заканил?.

Овие обиди за заплашување нема да поминат и ќе бидеме гласот на народот“, вели Ландов.