На социјалните мрежи доцна беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.

Маркетот бил ограбен откако автомобил влетал во влезната врата. Алармот се запалил, а разбојниците го земале сефот на маркетот и избегале со црвен автомобил од типот караван.

Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.

На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било   пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.  Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението до полицијата.