Агентот на Алексис Санчез, Фернандо Филевич е во Минхен каде ги договара личните услови на чилеанскиот фудбалер за премин во Баерн. Неговата желба е соопштена од поодамна, а сега добива на интензитет поради испаѓањето на Арсенал од трката за место во Лигата на шампионите.
Ако Топџиите дојдеа до 4. место во Премиер лигата, Санчез можеби и ќе се премислеше, но вака нема дилема. Трансферот би требало да изнесува околу 50 милиони евра, што за Баерн не е проблем, како ни побараната годишна плата од 11 милиона.