Кровна конструкција на барака гори на улицата „Хо Ши Мин“ во скопската населба Бутел 1, јавува МИА.
Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески во изјава за МИА потврди дека на терен сè уште интервенираат 14 пожарникари со четири противпожарни возила.