Настанот во строгиот центар на градот, во близина на училиштето во период кога во околината имало поголем број средношколци, предизвика шок и вознемиреност кај присутните, објави порталот Република.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека полициски службеници веднаш излегле на терен, реагирале брзо и лицето било приведено и спроведено во полициската станица Центар.
Полицијата работи на утврдување на идентитетот, како и на причините за ваквото однесување.