Скопје и околината попладнево ги зафати големо невреме проследено со град кој на периоди беше толку силен што ги прекри улиците, тревните и земјените површини и ги претвори во замрзнати плочи. Градот во некои населби имаше големина на орев од што првично најоштетени беа автомобилите.

Во главниот град се уште има пороен дожд со силен ветер, грмежи, па и град. Дождот и градот ги блокираа улиците и го отежнаа сообраќајот. За сега нема информации за штети во земјоделството иако тие може да се очекуваат.