Голема средношколска љубов за која сега се чудите зошто сте ја сакале – Како Балканот гледа на ЕУ

Голема средношколска љубов за која сега се чудите зошто воопшто некогаш сте ја сакале.

Вака еден од најдобрите познавачи на ЕУ и регионот германскиот новинар Михаел Мартенс објаснува како проевропските сили на Балканот гледаат на ЕУ.

,,Во средно училиште сте имале огромна љубов со некого. Случајно, многу години подоцна повторно се среќавате, на автобуска станица или во продавница. И се прашувате: Што ми беше еднаш привлечно кај оваа личност? Вака се повеќе и повеќе „проевропејци“ на Балканот се чувствуваат за ЕУ”,

ЕУ се уште останува најпосакуван геостратешки партнер за најголем дел од луѓето од Балканот но за разлика од пред 20 години кога љубовта беше слепа сега заморот од проширувањето се не се чувствува само во Брисел и главните градови на земјите членки туку и меѓу граѓаните во регионот на Западниот Балкан.