Еден од најголемите противници на Груевски и ВМРО – ДПМНЕ екс министерот за надворешни работи и МВР во влади на СДСМ и кандидат на оваа партија за претседател во 2009 години Љубомир Данаилов Фрчковски со својата последна изјава отвора дебата за позициите на Заев и неговата екипа кон проектите кои што ги спроведе ВМРО – ДПМНЕ а кои што се оценуваат како одлични од поголемиот дел од јавноста.
Зборувајќи за макфакс.мк Фрчковски рече дека работите одат на добро.
„Видете, оваа година добро почна. Заев е премиер, веројатно Мурињо ќе дојде во Скопје и третиот комплет е Груевски во Шутка. Со тој триаголник, годината е надежна“, вели Фрчкоски кој што се разбира акцентот го става на затворот за Груевски но премолчува дека токму тој Груевски кој според него мора да оди в затвор е еден од заслужните што Мурињо ќе пристигне во Скопје.
Објективно е дека без поддршка од Груевски и неовата влада за кандидатурата на ФФМ да го организира европскиот „Суперкуп“ и без инсистирањето да се изгради арената Филип 2 Скопје и Македонија , и Фрчковски и спортските фанови но и владата на Заев никогаш немаше да можат да бидат сведоци на светски спортски настан.
Ниту од Фрчковски ниту од СДСМ генерално не може да се очекува јавно да кажат дека Груевски и ВМРО – ДПМНЕ направиле нешто добро за да не ги поништат лошите работи кои што се направени последниве 10 години но во иднина тие ќе мораат да признаат и позитивни проекти на нивните политички противници.
Фрчковски со својата изјава индиректно го пофали Груевски и ВМРО – ДПМНЕ за доаѓањето на Мурињо и Манчестер Јунајтед во Скопје а дали истото ќе го стори и раководството на СДСМ ќе видиме на 8 септември кога европската фудбалска елита ќе се собере во градскиот парк во Скопје.
Еден од оние кои најверојатно нема да дојде да биде дел од спектаклот ќе биде градоначалникот на Центар Андреј Жерновски кој за време за изградбата на „Градски“ тврдеше дека статиката е толку лоша што може да се очекува уривање на трибините.
Во секој случај СДСМ ќе мора да дефинира што е направено добро времето на ВМРО – ДПМНЕ а што не чини чинело затоа што со оцрнување на се нема да биде реален во своето владеење.
Барањата и најавите за уривање на спомениците и зградите од проектот „Скопје 2014“ е еден од најтешките испити во врска ова политичко прашање.
Посебен проблем за СДСМ ќе биде односот кон спортските објекти затоа што во времето на ВМРО – ДПМНЕ се направени две големи спортски сали „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ , уште педесетина други помали сали како и градскиот стадион и тука просторот за негирање на проектите на политичка основа се минимални и штетни за Заев.