„Една од најнесериозните реплики што сум ги добивал на моите веќе здодевни „проповеди“ за потенцијалите и за можностите и на Попова Шапка и Јелак да се изгради модерно скијалиште со капацитет од најмалку 10.000 скијачи дневно, е прашањето – добро, а имаме ли ние воопшто толку скијачи“?
Па еве, драги мои, повелете прашајте го сега кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кому деновиве многу неинформирани и злобни луѓе му се потсмеваа што првата скијачка патека во Михајлово, долга „само“ 400 метри и придружната инфраструктура ги нарече „ски-центар“.
А сега читам дека имало денови кога во Михајлово се собирале по 3.000 луѓе дневно“ – пишува новинарот Бранко Героски во колумна насловена „Што е, било гужва во Маврово и на Шапка? Ма јели то могуќе“?
Ги гледам и видеата од хаосот на патот Тетово – Попова Шапка. Тој пат деновие е пекол за стотици и стотици автомобили кои се „пробиваат“ до ски-центарот, кој не е инфраструктурно опремен да прими повеќе од 2.000 посетители дневно. А во екот на сезоната, дури и без снег каков што има сега (вештачки никогаш немало), 2.000 посетители за Попова Шапка е стандардна посета.
Читам утрово и за огромните гужви пред билетарницата во Маврово. Луѓето чекале по еден час да купат ски-билет. И сите се жалеле на „лошата организација“ во центарот. Демек, ако имало онлајн продажба, ќе било подобро. А да се проба преку Тему? Може да биде поевтино, а и побрзо.
Не знам како е на двете скијалишта на Пелистер. Не знам како е на Пониква. Но, верувам дека и таму има многу посетители. А зошто би немало? Распуст е. Снег има. Временските прилики се погодни за скијање.
Не треба никого да обвинуваме за „лошата организација“. Не треба да ломотиме за потребата да се воспоставел некаков „ред“.
Не, драги мои, не постојат „организација“ и „ред“ што од некогашни ски-центри со застарена инфраструктура и од излетнички места без јасна намена би направиле модерни скијалишта што можат да примат 20.000 посетители дневно.
Да, добро ја прочитавте бројката, толкав е потенцијалот на Македонија, а можеби и поголем. И секој од тие 20.000 скијачи, во ски-сезоната која во модерните центри трае најмалку 100 дена, дневно троши пет пати повеќе од турист во летната сезона. Инаку, летната сезона во Македонија трае одвај 60 дена…
Кој не верува, нека погледне што се случува во моментов во ски-центрите во соседните Србија и Бугарија“ – препорачува Героски.
ЛИНК до целата колумна на „Плусинфо“
Хаос во Маврово: Скијачите чекаат по еден час да купат ски карта (ФОТО)
Дали некој свесно сака да ги пренасочи туристите во други ски центри прашуваат Мавровци
Мавровски угостители бесни на Скопска Пивара: Среде сезона не оставија без пијалок