„Не е загрижена Софија од идејата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски францускиот предлог да добие „француски предлог плус“.

Не е тоа причината поради која Министерството на надворешни работи на Бугарија им се закани „на властите во Скопје“ дека „обидите за повторно преговарање на меѓународните обврски кои веќе се преземени може да доведат само до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ“, пишува новинарот Бранко Героски во колумна за Плусинфо.

„Со оваа нова изјава на привремената влада во Софија, ослабените актери на бугарската политичка сцена се обидуваат да се факторизираат пред претстојните избори на 27 октомври.

Прогнозите, сепак, не ветуваат дека исходот од овие избори ќе доведе формирање стабилна политичка влада, која ќе може активно да ги продолжи разговорите за унапредување на добрососедските односи со Македонија.

Софиските политичари секогаш внимателно ги читаат изјавите на нивните колеги во Скопје и несомнено ги разбираат нештата. Тие многу добро знаат дека Мицкоски не се откажува ниту од Договорот за добрососедство, ниту од Преговарачката рамка, а најмалку, пак, од преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Но, вистина е дека во позицијата на македонската дипломатија има промени и дека Мицкоски ја напушта сервилната и за македонските национални интереси штетна политика на владите на Зоран Заев и на Димитар Ковачевски.

Важно е да се знае и јасно да се каже дека тие промени суштински не ги компромитираат обврските што владите на Заев и на Ковачевски ги презеле кон Софија, кон Брисел и кон другите важни актери на меѓународна заедница.

Да, точно е дека македонската влада има преземено обврска да ги внесе Бугарите во македонскиот Устав, но не и да го прифати конкретниот предлог што го подготви владата на Ковачевски. Тоа беше лош предлог и не можеше да биде прифатен. Од многу причини…’ пишува Героски.