Повеќе од 200.000 луѓе се собраа на мирен протест во Минхен, Германија против екстремно десничарскиот екстремизам пред изборите во земјата на 23 февруари, јави ДПА.
Многумина од присутните носеа пароли со порака дека „Расизмот и омразата не се алтернатива“.
Слични демонстрации се одржаа и во други градови.
Екстремно десничарската, антиимигрантска Алтернатива за Германија (AfD) е на второ место во последните анкети, што предизвика широки протести низ целата земја.
Последниот протест собра значително повеќе учесници од очекуваното. Според организаторите, тие можеби биле дури 320.000 луѓе.