Мајка и нејзините два сина биле удрени од автомобил во близина на Штутгарт, а сите тројца загинале на местото на несреќата.
Полицијата интензивно трага по сведоци на трагедијата.
39-годишна жена и нејзините два сина на возраст од шест и три години загинаа кога автомобил удрил во нив на тротоарот , откако 54-годишниот возач од непозната причина излетал од патот и ги прегазил.
Возачот удрил и во друго возило, чиј возач исто така бил пренесен во болница.
По наредба на државното правобранителство во Штутгарт, ангажиран е вештак за расветлување на околностите и причината за несреќата.
„Засега нема индикации за намерно дело“, изјави портпаролот на полицијата.