Извонредниот велшки фудбалер кој настапува за Реал Мадрид, Герет Бејл, не по своја, влегол во конфликт со криминалните организации на британскиот остров, па од страв за безбедноста на најблиските ја откажал свадбената веселба која беше закажана за летово.
До одложувањето доаѓа откако блиска роднина на неговата девојка Ема Рис Џонс со која Герет има и една година старо девојче украл куфер со важни документи, вредни часовници и дрога од мафијата, по што криминалците во немоќ да ја најдат се свртеле нејзините роднини, но и кон фудбалерот.
Пред неколку месеци беа запалени куќата и автомобилите на бабата и дедото на Ема, а потоа бил уценуван и Бејл, и тоа со ќеркичката Алба. Герет и Ема се убедени дека венчавката наместо радост, со сиот ризик, може да им донесе непријатности на гостите и роднините, па затоа ја откажале за подобри времиња. Нема нов датум и неизвесно е дали тоа ќе се случи годинава.