Гвинет Палтроу (44) е сопственикот на веб страната на која во јуни ги претстави “магичниtе” лековити налепници за тело кои брзо станаа хит во САД.
“Со помош на лековитата налепница се балансира нивото и протокот на енергија низ телото. Тие се направени од материјал кој НАСА ги користи во својата вселенска програма”, рече во таа пригода актерката.
Сепак, експертите од американската вселенска агенција ја демантираа со тврдење дека такви материјали тие воопшто не користат.
Познатата актерка во своја одбрана потоа рече дека тие ги праватнивните производи уникатни и дека е сигурна дека фластерите се ефикасни.
Актерката има своја компанија Goop, со кој им дава совети за подобрување на начинот на живот на жените. Гвинет има дури и изјави дека ја разгледува можноста да престане да глуми и дека целосно ќе се фокусира на работата на својата компанија.