Претседателот на Собранието, Африм Гаши, говорејќи за блокадата на Законот за „бранители“ во Собранието, рече дека тој како претседател на Собранието е должен да го спроведува Деловникот, но дека не е тој што суди дали некој го прекршил или не.
„Јас сум претседател на Собранието кој го спроведува Деовникот, но не и кој суди кој кажал или не, тоа не е мое право. Станува збор за толкување на партиите од политички и од правен аспект на експертите.
Мислам дека тоа е апсолвирано прашање и ќе треба да видиме во иднина дали имаме проблем со Деловникот, тогаш Комисијата за мандатни и прописи ќе треба да ги испита членовите кои се меѓусебно во судир“, рече.
Гаши, на прашањето дали ќе свика седница, тој одговори – „не“.