„Во Берлин на средбата со Барбел Бас, претседателката на германскиот Бундестаг, разговаравме за добрите заемни односи меѓу * Македонија и Германија, за досегашната поддршка и за коректната соработка. Ја истакнав нашата посветеност за интеграција во ЕУ, особено за решавање на пречките како што се уставните измени и барањата на Бугарија. Барбел Бас ја поздрави нашата посветеност и ја изрази непоколебливата поддршка на Бундестагот за интегративниот процес, нарекувајќи ја нашата определба надежна, додека соработката во НАТО, зрелост и јасна определба за ЕУ.“ – објави на својот официјален фејсбук-профил претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши по денешната средба со првата германска парламентарка Барбел Бас.
Во објавата на општествената мрежа Гаши дополнува: Се договоривме за продлабочување на соработката, вклучително и засилување на состаноците на пратеничките групи и проекти, како што е Програмата за парламентарна поддршка.