Првиот човек на општина Чаири, Висар Ганиу вели дека речиси две години немаат никаква комуникација со градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска. Ганиу вели дека во овој дел од градот нема ангажман на јавни претпријатија во надлежност на Град Скопје.

„Во последно време воопшто не комуницираме. Повеќе од две години немаме координација со Град Скопје, всушност сите градоначалници можат да потврдат дека ова беше задолжително да има координација, две години немаме комуникација со актуелниот градоначалник, немаме ни лична комуникација. како колеги, односно нè има блокирано на телефон, во се, но не и преку службена должност“, рече меѓу другото Ганиу.