Газдата на ТВ Нова ќе се брани од слобода

Кочан дало гаранции во вредност од 1 милион евра

Судот денеска ја прифати понудената гаранција на осомничениот Сеад Кочан во предметот Труст на СЈО во вредност од речиси еден милион евра. Според соопштението од Основниот суд Скопје 1 по барањето на вчерашното рочиште од СЈО за дополнителни инфорамции за здравсртевната состојба на Кочан , денеска добиле известување од Универзитетската клиника за кардиологија во кое е наведено дека на осомничениот му бил вграден стент и поради тоа не е во состојба да се појави во судот.

Судијката на претходна постапка, денеска одлучи да ја прифати гаранцијата и на осомничениот Кочан да му се одземе патната исправа и наметне обврска да се јавува еднаш неделно кај службено лице во Основниот суд Скопје 1.

Судијката на претходна постапка смета дека постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело за кое се товари, а имајќи го во предвид неговото поведение од почетокот на оваа постапка постои опасност од бегство, па од тие причини го прифати предлогот на одбраната за определување гаранција и мерките на претпазлиовст, се вели во соопштението од судот.

Претходно одбраната на Кочан во јавноста тврдеше дека два месеца е на службен пат. Тој ја напушти Македонија истиот ден откако по него беше објавена потерница од МВР.