Газдата на ТВ Нова бара повеќе време за доказниот материјал

Бизнисменот и сопственик на телевизијата Нова Сеад Кочан попладнево само што влезе во Специјалното обвинителство веднаш излезе. Обвинителите од СЈО повторно не успеале да го испрашаат за сомневањата за криминал тешок 17 милиони евра од истрагата во случајот „Труст“.

Според СЈО на Кочан  му треба подолго време да го разгледа обемниот доказен материјал кој му е доставен. Тоа било причината за денешната кратка средба во СЈО.

СЈО треба дополнително да закаже следна сесија на која што откако ќе го анализира целиот доказен материјал Кочан ќе треба да се јави во обвинителството.