Вучиќ влегува во војна со СПЦ откако предложи лезбејка за премиер

Министерката за државна управа и локална самоуправа Ана Брнабиќ е првата жена што ќе застане на чело на српската влада и првата јавно деклариран лезбејка во српската политика.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, попладнево на прес конференција соопшти дека мандатар за состав на новата влада на Србија е Брнабиќ која предизвика големи реакции кога во 2016 како непартиска личност стана министерка.

Не нејзиното именување како министерска а и сега како можен кандидат за премиер се противи моќната Српска православна црква кој што се противи на предлогот на Вучиќ.

Во 2016 Ана Брнабиќ стана вест во светот како прва жена декларирана лезбејка – министерка во српската влада. Таа тогаш изјави  дека не сака да биде позната како министерка лезбејка, туку како министер за јавна администрација и локална власт.

Со нејзиното именување  Александар Вучиќ добива силна подршка од ЛГБТ заедницата во Србија но и критики од конзервативниот дел од српскиот народ кој со години предизвикува насилство за време на парадата на гордоста што се одржува во Белград.

Според Вучиќ Србија станува општество со еднакви можности за сите, без разлика на сексуалната ориентација, туку според способностите и квалитетите.
Запрашан за именувањето на Ана Брнабиќ,  Вучиќ своевремено изјави дека тој едноставно се надева во влада која ќе испорача резултати.„Мене личниот избор на Брнабиќ не ме интересира и таа е добредојдена во српската влада“, изјави Вучиќ.“

 

Претседателот Вучиќ изјави дека Брнабиќ го известила дека може да обезбеди мнозинство пратеници за избор на владата.

„Ана Брнабиќ е вредна, поседува стручност и лични квалитети и уверен сум дека ќе покаже почитување кон партиите“, изјави Вучиќ.

Брнабиќ ќе биде на чело на 15. по ред влада од 1990 година. Таа пред пратениците ќе го претстави експозето на 2. јуни, додека новата влада ќе положи заклетва на 22. јуни.