ВРЕДИ го обвини Арбен Таравари за „кражба“ на пратеници, за кои велат дека ги добил во име на промените ккои ги донесе Коалицијата.
Таравари сака да оди во „казанчето на ДУИ каде што врие криминалот и корупцијата“, обвинуваат од ВРЕДИ во денешнното соопштение.
„Неодамна, само пред една година, во истиот овој месец од годината, ги ставивме врата до врата кандидатите за пратеници, тогашни и сегашни пратеници на АА, завиткани под логото на ВРЕДИ, велејќи им на граѓаните „ние сме промената“, не оотидовме со ДУИ“ а за Зијадин Села велаа дека е предавник затоа што се обидува да ја прошири моќта на ДУИ“, велат од ВРЕДИ.
„Граѓаните го кажаа своето, гласаа за промени. Промената дојде. Таравари дезертираше…
Невнимателниот дезертер не треба да ја одредува ориентацијата на достојна, чиста војска, со конкретна цел. Сега е време за размислување, сите пратеници, членови, активисти да се позиционираат на вистинската страна каде што беа“- велат од ВРЕДИ.
„Ако го напуштивте Села поради тоа што, како што велите, неговото крило отиде со ДУИ, каде е тогаш логиката сега да стоите до Таравари, кој се враќа и кај Села и кај Ахмети?
Ние веруваме во будноста на искрените активисти и вредните поддржувачи, промената само што започна, таа мора да продолжи.
(…)
Таравари работи на своето предвремено политичко пензионирање. ВРЕДИ е и ќе остане штитот на Албанците, сега е моментот да застанеме на вистинската страна, се вели во соопштението од ВРЕДИ.