ВРЕДИ со осуда на провокацијата од Софија за „обединување на Македонија со Бугарија“

Бо соопштение до медиумите коалицијата ВРЕДИ реагираше на изјавите на политичар во Бугарија, кој рече дека „нема ништо пологично од обединување на Македонија со Бугарија“.

Бугарски политичар „по паметот“ на Трамп ќе ја обединувал Македонија со Бугарија

„ВРЕДИ изразува загриженост и ги осудува изјавите на маргинален проруски политичар во Бугарија….

Ваквите изјави не придонесуваат за подобрување на односите меѓу двете соседни земји, ниту го олеснуваат процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија.

Сакаме да потсетиме дека Бугарија преку Договорот за добрососедство се обврза да биде партнер, промотор и поддржувач на Македонија на патот кон членство во Европската Унија.

„Коалицијата ВРЕДИ, во рамките на Владата, прави сериозни напори за отстранување на пречките кои го спречуваат исполнувањето на условите за полноправно членство во ЕУ.

Сепак, ваквите провокации го уназадуваат процесот и ги оштетуваат искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство“ се вели во соопштението од ВРЕДИ од каде велат дека ќе продолат да работат за заштита на интересите на граѓаните на Македонија и за обезбедување безбеден пат кон европската интеграција.