Вреди: Најотворана веб-страница во ДУИ е онаа на Стејт департментот, секое утро проверуваат дали имаат нов член на „црната листа“!

„Најотворана веб страница во Мала Речица е онаа на Стејт департментот. Секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа.  Артан Груби и Рамиз Мерко се на ‘црната листа’ на Америка, поради уривањето на правната држава. Ги повлекоа со себе и своите семејства. “ – порача коалицијата Вреди во своето сопштение, кое го пренесува информативната агенција Макфакс.

Вреди истакнува: ДУИ е партијата, која зема пари за фиктивни лиценци за игри на среќа од разни балкански криминалци. Партнери им се луѓето од српското подземје. Работењето на ДУИ е целосно во спротивност на препораките од ЕУ и САД, стратегиските партнери на Македонија. Се почесто ДУИ се поистоветува со дејствувањето на Левица. Седењето еден до друг во собраниските клупи ги доближува.

ДУИ е прва партија на Албанците, која ги оддалечува од нивните западни стратегиски партнери, поради својот криминал и корупција. Очајнички се обидите на ДУИ да ги оцрни функционерите во Владата дека работат на некакви туѓи агенди, кои ја оддалечуваат Македонија од патот кон еднаква и стабилна држава. Најголемиот спроведувач на агендата за „Српскиот свет“ беше минатата Влада на ДУИ, кога жилаво се бореше да преживее „Отворениот Балкан“, иако Албанија ја напушти таа иницијатива по случувањата во Косово. Бујар Османи беше прв министер, што му беше домаќин на Сергеј Лавров на европско тло.

Функционерите на ДУИ во изминатите години им се заблагодаруваа на Србија и Вучиќ, поради тоа што им ја покриваа неспособноста при набавката на вакцини и гас. Иницијативите од ДУИ за отповикувања се смешни. Жално е на кое рамниште спадна партијата, одејќи по паметот на Артан Груби и Бујар Османи. На Албанците во Македонија им треба сериозна опозициска партија, а не криминална структура, која е подготвена да го продаде секого во обид да се заштити. – соопшти коалицијата Вреди.