Вреди: Иницијативата во Уставниот суд околу Законот за јазици е обид за државен удар! – Очекуваме да се отфрли!

„Од коалицијата Вреди реагираа по изјавата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски дека со законот за употреба на јазиците политиката создала правен хаос, кој предизвикал со политички хаос, пренесува ТВ21. Бидејќи законот може дури и да биде укинат, како што најави Костадиновски, коалицијата Вреди оваа иницијатива ја смета како обид за државен удар.“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 ја пренесува реакцијата на коалицијата Вреди во овој контекст: Не сакаат да ја нарушат независноста на Уставниот суд, но велат дека биде опасно, ако се користи овој закон за дневна политика.

„Со оглед на фактот дека иницијативата доаѓа од партија, што е против НАТО и која го велича комунистичкиот режим на Енвер Хоџа, најмалку што очекуваме е тоа да биде отфрлено со констатација дека станува збор за обид за државен удар. Ова особено поради тоа што се работи за оспорување на стапувањето во сила на Законот за употреба на јазиците, без да се навлегува во неговата содржина.“- се вели, меѓу другото, во реакцијата на коалицијата Вреди.