ВРЕДИ: Ахмети како коцкар игра на последна карта – бојкот на локалните избори

ДУИ знае дека на локалните избори ќе доживеат драматичен пораз. Нивните истражувања им го потврдуваат овој факт. Али Ахмети знае дека после пораз на локалните избори неминовно ќе се отвори прашањето за неговото лидерство, велат од коалицијата ВРЕДИ.

„Не сакајќи да заврши како политички губитник тој како коцкар посегнува по последната карта – бојкот на локалните избори. Откако не му беше прифатена понудата да влезе во Влада наместо ВРЕДИ со четири министри, без претседател на Собрание заедно со ветување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие Кичево или Струга, ДУИ сака да предизвика политичка криза.

Вакво предавство на Албанскиот народ не поминува. Казната за ова неодговорно однесување на корумпираното и заробено раководство на ДУИ ќе биде жестока, стои во партиското соопштение на ВРЕДИ.

Оттаму велат дека од ДУИ веќе подолг временски период креираат сценарио кое треба да кулминира со бојкот на локалните избори, а дел од провидното сценарио, се неоснованите напади за наводната деалбанизација, кое треба да креираат лажна атмосфера дека Албанците не се доволно застапени во државните институции благодарение на коалицијата на ВЛЕН со ВМРО-ДПМНЕ.

Ахмети за ВРЕДИ: Направија голема штета, ќе ни треба многу време за поправка