Иако по повеќе од половина преброени гласови актуелниот претседател и кандидат на опозициската СДП, Зоран Милановиќ, имаше поддршка од над 51 проценти од избирачкото тело во Хрватска, на крајот, сепак, падна на 49,10 отсто и на 12 јануари ќе мора во втор круг против Драган Приморац од владејачката ХДЗ, кој доби 19,35 отсто гласови.
Милановиќ освои безмалку 800 илјади гласови при излезеност од 46 отсто и победи во сите жупании, а Приморац само во дијаспората и собра речиси 315 илјади гласови.
На осмите претседателски избори во Хрватска учествуваа осум кандидати, а Милановиќ е блиску до реизбор, со што би им се придружил на Фрањо Туѓман и на Стјепан Месиќ, кои претседателствуваа во два мандата.