Германија, Словенија и Црна Гора се противници на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во ракомет што во јануари се одржува во Хрватска.
Македонските ракометари ќе играа во групата во Загреб против три силни противници кои што гарантираат неизвесни дуели на Европското првенство.
Во врска со ждрепката селекторот Раул Гонзалес вели дека се работи за тешки противници но и дека сите екипи кои што се пласирале на ЕП 2018 се тешки. За него најважно е што ќе има време од 6 месеци да ја подготви репрезантацијата според неговите методи за работа.
Првата средба ја играме со Словенија од која загубивме на двата меча на светските првенства во Катар и Франција, потоа играме со Црна Бора а на крајот од мечевите во групата ќе играме со Германија.