Во тек е голема полициска акција, ,,паѓаат” полицајци на повеќе локации

Голема полициска акција во струмичко-гевгелискиот регион се случува вечерва на повеќе локации во Македонија.

Иако деталите за оваа акција сѐ уште се чуваат во тајност, јасно е дека станува збор за координација на голем број полициски единици и дека се претресуваат повеќе локации, велат извори од МВР.
Масовна акција на полициските сили се случува во струмичко-гевгелиско регион, потврдуваат извори од МВР. Акцијата е под водство на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Според информациите од МВР, акцијата има за цел да ги расплете нишките на сериозен криминален случај кој веќе подолго време е под лупа на правосудните органи. Иако деталите за оваа акција сѐ уште се чуваат во тајност, јасно е дека станува збор за координација на голем број полициски единици и дека се претресуваат повеќе локации.

Најчитани статии
Поддржувачите ја кршат заклетвата кон државата Македонија

Алтанџиева за албанската академија на науки: Академски башибозук