Во Србија ден на жалост по масакрот во Цетиње

По повод масакрот во Цетиње, кога на 1 јануари беа убиени 12 лица, меѓу кои две деца, а 4 лица беа повредени денешниот ден е прогласен за ден на жалост во Србија.

Државните органи и организациите, како и другите правни лица кои го истакнуваат знамето, се должни да го спуштат знамето на Србија на половина копје.

Радиодифузните организации за информирање на јавноста на територијата на Република Србија се должни во своите програми да емитуваат музика и емисии погодни за денот на жалост, вклучително и програми наменети за странство, на денот на жалост наместо хумористична, забавна, фолклорна и други програми со забавна и народна музика.

Во Цетиње, на 1 јануари, Ацо Мартиновиќ уби 12 лица, меѓу кои две деца на возраст од 10 и 13 години, а тешко повреди четири лица.