Во објавата на Белата Куќа во врска со разговорот меѓу потпретседателот на САД Мајк Пенс и македонскиот премиер Зоран Заев не се споменува поздравот кој што според лидерот на СДСМ му го пренесол вториот човек во американската влада.
Преку својот профил на твитер премиерот Заев порача дека во телефонскиот разговор со Пенс тој му пренесол поздрави од претседателот Трамп но тоа не е запишано во објавата на Белата Куќа во врска со разговорот.
Пенс кој често пати пренесува поздрави од претседателот на САД како што тоа беше случај на средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг или со лидерите на Европската Унија и тоа е објавено во официјалните транскрипти сега не ја потврди изјавата на премиерот.
Што пишува точно во објавата?
Објава од разговорот на потпретседателот со премиерот на Македонија, Зоран Заев
„Потпретседателот денеска го повика премиерот на Македонија Зоран Заев. Во име на претседателот Трамп, потпретседателот му честиташе на Заев за преземањето на улогата на премиер на 31 мај. Потпретседателот ја потенцираше континуираната американска помош за македонските евроатлански аспирации и го охрабри Заев да направи приоритет на реформите кои што ќе ја однесат Македонија напед на својот избран пат. Потпретседателот нотираше дека тој со нетрпение очекува да се сретне со Заев и со другите лидери од Западниот Балкан на Самитот на Адриатик Групата кој што ќе се одржи на втори август во Подгорица, Црна Гора“.
Имало ли посебен поздрав кој што не е забележан од страна на кабинетот на Пенс или како поздрав премиерот ја толкува честитката за преземањето на премиерската функција која што Пенс му ја упатил во име на претседателот Трамп?
Реално тоа е помалку важно, затоа што премиерот допрва ќе треба да ги научи протоколарните работи за комуникацијата со други лидери особено кога станува збор за односите со најмоќната земја на светот.
Поважно од се е дека САД останува силен поддржувач на Македонија.