Во Скопје доаѓа американски „Булдожер“ за решавање на името

Американскиот државен секретар Рекс Тајлерсон наскоро би требало да го посети Скопје во обид да издејствува решение на спорот за името и влез на Македонија во НАТО , објави денеска порталот Република.мк

Во информацијата за пристигнување на шефот на американската дипломатија и еден од најблиските соработници на претседателот Трамп се цитираат неименувани дипломатски извори според кои Тајлеросн би пристигнал во јули или септември а целта на посетата е спорот со Грција.

Последна посета на американски државен секретар се случи во 2003 година кога во земјава пристигна Колин Пауел.

Само една година подоцна САД ја призна Македонија под уставното име.

Пред да ја преземе функцијата во Стејт депратментот беше претседател на најголемата нафтена компанија во светот „Ексон –Мобил“. Тој се наоѓа на 24. место на листата на Форбс на најмоќни луѓе во светот.