Нов повик за бојкот на маркетите за в петок. Се повикуваат граѓаните да се воздржат од купување на производи на сите големи синџири, а истиот е насловен како „Црн петок“ за маркетите. Граѓаните велат дека ќе се воздржат, но други сметаат дека нема да има ефект.
Во осумте поголеми синџири на маркети во петокот е забележан пад на прометот за 46,59%, велат од УЈП за МРТ1. Но таа сума е надокнадена во саботата, односно граѓаните пазареле двојно повеќе отколку во денот на боккотот.

Управата за јавни приходи во рамки на своите овластувања ви доставува податоци од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8-те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 01.02.2025 година и 25.01.2025.
Во сабота, 01.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 281.638.578 денари, а издадени се вкупно 432.246 фискални сметки.
Во сабота, 25.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 253.153.676 денари, а издаден се вкупно 415.156 фискални сметки.

ПРОМЕТ ВО ПЕТОК: 114,293,367 ДЕНАРИ.
ПРОМЕТ ВО САБОТА: 281.638.578 ДЕНАРИ.
РАЗЛИКА ПЕТОК-САБОТА: 167,345,211 ДЕНАРИ.
Од Организацијата на потрошувачи велат дека бојотот го дал посакуваниот ефект, но мора да се прави стратегија на долг рок за доброто на граѓаните.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека се на терен и вршат контроли кај производителите на храна, дистрибутерите и маркетите.
- Ќе одиме со проверка на профитните маржи, при што инспекторатот ќе направи детална анализа за што ќе ги информираме Министерството за економија и Владата. Планирани се и контроли со Комисијата за заштита на конкуренцијата, велат од Државниот пазарен инспекторат.
Бојкотот за воздржување од купување од големите маркети беше поттикнат од Хрватска, а за кратко време се прошири низ речици сите земји од регионот. Граѓаните од регоинот, кои се со далеку повисоки плати за разлика од нас, гласно кажаа „НЕ“ на профитирањето врз грбот на граѓаните. И пак повикаа во овие денови да се купува од малите трговци со цел да се изврши притисок за намалување на цените на храната.