Во Македонија се бара инжинер за плата од 158 илјади долари годишно

Бизнисменот и софтверџија Роберт Милески открива дека неговата фирма во Македонија бара инжинер за плата од 158 илјади долари годишно.



Во јавната кавга со професорот Тони Десковски, Милески открива дека работното место што го нуди носи плата од 13 илјади долари месечно или околу 12500 евра месечно.

,,Еј, Тони Деско од СДС, да те консултирам вака ко попаметен, имам отворено работно место за AI Engineer со познавање на Физика, LLM, и C#.

Дан познаваш некого? Почетна плата е 158.000$ годишно со секундарни годишни акции во компанијата. Е сега, сто*и ко тебе не примаме, шо да ти речам, иако поради Џендер индиференс ќе мора да согледаме сè, ама можда знајш некој кадарен од СДС, или сите сте некадарни?
Апликации на jobs@introcode.com, ак знајш како да пуштиш имејл со C.V., мада секоја ставка од твојава струка не вервам дека ќе се земит предвид пошто е многу глупа, дури иако во Македонија се рачунат за професор на УКИМ, правни факултет.

Абе сите ќе ве замениме за две години! Еф, памти ми го зборов! Ако мој AI Бот за година дена не напишит подобра книга или закон од тебе ја сунет со џамче од пелистерка на Камен мост ќе се напрам.

Сподели ја информацијата до заинтересирани понатаму”, пишува Милески во постот.

Поврзана вест

Жестока пресметка меѓу човек што соработува со Илон Маск и професор од Правниот факултет во Скопје

Хајредини: Албанците треба да ја поддржат одлуката на Македонците за идентитетските прашања