Во Македонија постои добра волја, грчките медиуми го фалат Димитров

Министерот Коѕиас може да има екстремен сомнеж за вистинските намери на македонското раководство но новата влада на Зоран Заев покажува дека го мисли тоа што го кажува во врска со решавањето на македонското прашање, пишува грчкиот портал Матрикс24.

Порталот како доказ за своето тврдење ја наведува изјавата на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој сериозно го критикувал македонскиот конзул во Торонто за одржаниот говор пред мапата на Голема Македонија.

Порталот  е задоволен и од најавата дека Димитров го повикал на консултации конзулот Палашевски а ќе формира и комисија за испитување на инцидентот.

Заклучокот за овој портал е дека во Скопје постои добра атмосфера и сега останува да се види дали и во Атина има добро и чесно расположение.