Во Македонија во моментов има 3.700 странски шпиони, тврди Гелева

„Во Македонија моментално има 3.700 странски шпиони и сите спокојно си мешетарат“, напиша на својот профил на „Фејсбук“ поранешната новинарка и геостратешка аналитичарка Емилија Гелева.

Постот е реакција на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека лани биле неутрализирани повеќе од 400 странски шпиони во Русија.

„Тие напорно работат на територијата на Русија, користејќи најсовремени методи и техники на шпионажа. Само минатата година е спречена работата на 72 офицери за безбедност и на 397 странски шпиони“, изјави Путин во обраќањето пред пресоналот на руската Федерална служба за безбедност.